Stanvaj Donke, stanvaj pile (Станвај Донке, станвај пиле)
Станвај Донке, станвај пиле порано,свршеникот ќе ти дојде, еј Донке бре,свршеникот ќе ти дојди, еј ќерко ле.
Ако дојде, нека дојде, нејќам го,тој си љуби друго либе освен мене,тој си љуби друго либе, еј мајко ле.
Уште зборот недоречен, тој дојдеи на Донка ѝ се колни, еј до бога,и на Донка ѝ се колни, еј до бога.
Коња јавам, коњ да пукне под менеако љубам друго либе освен тебе,ако љубам друго либе освен тебе.
Сабја носам, сабјата да ме исече,ако љубам друго либе освен тебе,ако љубам друго либе освен тебе.
Пушка носам, пушката да ме отепа,ако љубам друго либе освен тебе,ако љубам друго либе освен тебе.