Svadba makedonska (Свадба македонска )
Свадба македонска да направам,мома Македонка јас да земам,со дукати, мамо, нареденаи со срма, мамо, накитена (2х)
Моми Македонки песна да запеатмомци Македонци оро да играат (2х)
Ни другари, мамо, ни роднинипо туѓина свадба не се прави,кој орото мамо ќе го водикој сватови мамо ќе ми бидат (2х)
Моми Македонки песна да запеат момци Македонци оро да играат (2х)
Мерак ми е дома да си дојдам,браќа, сестри, роднини да видам,песна македонска да запеам,оро македонско да заиграм (2х)
Моми Македонки песна да запеат Момци Македонци оро да играат (2х)