Kruševo (Крушево)
Половина свет јас пројдов Пеев и прекрасни луѓе срце виде Но последен концерт сепакВо Крушево нека биде
Штом ќе запре бетер студен, Од висини снег штом стигнеМој ангелу што ме следиш, Во Крушево да ме дигнеш
Да го почуствувам уште еднаш,Вкусот на оние денови минати Радоста на моите пријатели И јоргованите од нејзини коси скинати
Горе кај што има рој од ѕвездиКај што спијат луѓе драги Мајка ми, татко ми... да ги видат Сите мои песни како траги
Таму еднаш ќе ве сретнам Во тишината на вечниот мир Кај што ме допре Божјата ракаОд небото над мојот сакан манастир...
Половина свет јас пројдов Пеев и прекрасни луѓе срце виде Но последен концерт сепакВо Крушевo нека биде