Macedonian Folk "Uči me majko, karaj me (Учи ме мајко, карај ме)" Songtext

Übersetzung nach:enpl

Uči me majko, karaj me (Учи ме мајко, карај ме)

Еееј, учи ме мајко, карај ме,како да ја земам Лилјана.Лилјана, мома убава,Лилјана, тенка висока,Лилјана, бела црвена,Лилјана, ситен босилок,Лилјана, една на мајка.

Учам те синко карам те,како да ја земиш Лилјана.Повикај триста мајстори,направи чешма шарена,наврати вода студена.Сите селани ќе дојдат,и Лилјанини другарки,ем сите калеш невести,белким Лилјана ќе дојде.

Послуша Стојан мајка си,повика триста мајстори,направи чешма шарена,наврати вода студена.Сите селани дојдоа,и Лилјанини другарки,ем сите калеш невести,кучка Лилјана не дојде.

Hier finden Sie den Text des Liedes Uči me majko, karaj me (Учи ме мајко, карај ме) Song von Macedonian Folk. Oder der Gedichttext Uči me majko, karaj me (Учи ме мајко, карај ме). Macedonian Folk Uči me majko, karaj me (Учи ме мајко, карај ме) Text. Kann auch unter dem Titel Uči me majko karaj me Uchi me maјko karaј me bekannt sein (Macedonian Folk) Text.