Cvetinite oči, čerešovi (Цветините очи, черешови)
Цветините очи черешовисношти ги видов расплакани.Цветано моме убаво,што си ми Цвете нажалена,нажалена, расплакана?
Дали ти е мајка умрелаили е болен татко ти,или те тебе посвршијаза друго либе што не сакаш?
Ниту ми е мајка умрела,ниту е болен татко ми,либето војник ми заминаво таа града Битола.
Од него писмо јас немам,зато сум толку нажалена,затој сум толку нажалена,нажалена, расплакана.
Не плачи, Цвете, не жали,либето писмо испрати,либето писмо испрати,до твојта верна другарка.