Mavrovska belina (Мавровска белина)
Патот се одмотува ко шалБистра бело облекла за балНебото над неа подсеќана едни очи од одамна
Бевме млади уште неизгоренисо срца широко отворениСо усни што да лажат не знааткога љубат искрено, прв пат
Прва љубов е бразда длабокапрва среќа мрак што разбиваДруга ниедна толку невиначиста како мавровска белина
На вечност наивно се колневметивко, тивко, никој да не чуеа слушна само звезда Деницатаму горе над Меденица
И еве, нова младост нови снеговикрв им врие румени образи сега тие учат дека можно е ладна зима срце да загрее
Прва љубов е бразда длабока