Nekade vo nokta (Некаде во ноќта)
Ко икона во собата ми стоиш,те милувам со очи вљубениа солзите кој може да ги брои,би долетал, да можам да те спасам.
Во мислите сме толку блиску ние,а вечерва сме толку далеку,дај, Господе брзо сè да мине,од спомени кај мене да се скриеш.
Некаде во ноќта таа писмо пишуваи во мисли со мене се љуби,упорно кај неа цела ноќ се јавувам,гласот мој ко воздишка се губи.
Не заспивам и за тебе се молам,радиото е мојот пријател,а вестите сè повеќе ме болатсе прашувам зар мора да е вака?
А секогаш по дождот иде сонце,посакувам јас средба со тебе,но, што можам со ова мое срцеда чекам, копнеам и да те сакам.
Некаде во ноќта таа писмо пишуваи во мисли со мене се љуби,упорно кај неа цела ноќ се јавувам,гласот мој ко воздишка се губи.